Како што информира УХМР, висината на снежната покривка во Маврови Анови е 53 сантиметри, на Попова Шапка 49, во Крушево 16, а во Лазарополе четири сантиметри.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 21 литар на метар квадратен, а најмлаку, еден литар, во Прилеп, Демир Капија и Виница, измерени се и 14 во Пожаране, 13 на Попова Шапка и во Битола, 11 во Крушево, Тетово и Лазарополе, 10 во Претор, 8 во Куманово, 6 во Штип и Гевгелија, 4 во Велес, 3 во Скопје – Зајчев Рид, како и 2 литра на единица површина во Дебар, Крива Паланка и Охрид.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.