„Повеќе напаѓачи испукаа повеќе истрели на група луѓе“ во областа Фајв поинтс саут во градот, кажа полицискиот службеник од Бирмингем Томас Фицџералд.
Полицијата на местото на настанот нашла тела на двајца мажи и една жена, а четвртата жртва починала од прострелните рани во болница.
Инспекторите истражуваат дали напаѓачите дошле пешки или минувале со автомобил, кажа Фицџералд. Засега никој не е уапсен.
#BREAKING Mass shooting leaving leave multiple people injured and several fatalities in Five Points South area of Birmingham, Alabama. – @MScaranoNews pic.twitter.com/WzYq4CoLTO
— Fast News Network (@fastnewsnet) September 22, 2024
Квартот Фајв поинтс саут е познат по ноќниот живот.
Што се однесува до повредените, Фицџералд кажа дека има „десетици жртви ранети со огнено оружје, од кои најмалку четири се во животна опасност“.
Според податоците на Архивот за оружено насилство, кој масовното пукање го дефинира како инцидент во кој четири или повеќе лица се повредени или убиени, во САД оваа година досега се забележани повеќе од 400 масовни пукања.