понеделник, 20 мај 2024
Статистика

Во март намалено е индустриското производство за 10%

Индустриското производство во март годинава во однос на март минатата година е намалено за 10,4 проценти, а за 3,1 процент во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 1,9 проценти,  а опаѓање во  Преработувачка индустрија од 7,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 38,6 проценти.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 34,9 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 проценти, Капитални производи за 5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,8 проценти, додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ