сабота, 27 јули 2024

Во Мариупол вплови првиот брод по падот на градот. Украина: Русите дојдоа да ограбуваат

Објавено на

часот

Сподели

Портпарол на пристаништето Мариупол за руската агенција Тас изјави дека на бродот ќе бидат натоварени 2.700 тони метал, по што во понеделник ќе отплови 160 километри источно кон Русија. Портпаролот не кажа за каков метал се работи и каде е произведен металот што Русите го одвезуваат од Мариупол.

Људмила Денисова, украински омбудсман за човекови права, на апликацијата Телеграм напиша дека се работи за „руски грабеж“.

„Продолжува грабежот во привремено окупираните делови на Украина. По грабежот на украинските житарки, окупаторите прибегнаа кон извоз на метални производи од Мариупол“, напиша Денисова.

Метинвест, најголемиот украински производител на челик, во петокот рече дека е загрижен дека Русија би можела да искористи неколку бродови што останале заглавени во Мариупол за да „краде и шверцува металуршки производи“ што му припаѓаат на Метинвест. Тие ја обвинија Русија за пиратство.

Портпаролот на компанијата денеска изјави дека металот во пристаништето Мариупол е на Метинвест.

Русија го освои градот минатата недела кога се предадоа повеќе од 2,4 илјади украински борци од фабриката за челик Азовстал. Во четвртокот Москва објави дека пристаништето е деминирано и отворено за комерцијален сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ