сабота, 27 јули 2024

Во Мариово отстранети три бомби од Првата светска војна

Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека пиротехничар на ДЗС Битола успешно отстранил две бомби од Првата светска војна, една артилериска граната од 75 мм, една артилериска граната од 155 мм и една авионска бомба со тежина од 4,54 кг, пронајдени кај селото Градешница, Мариово.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера гранатите и авионската бомба безбедно се подигнати од локацијата на терен и се складирани, а со нив ќе се постапи според процедурите за НУС, се до нивно безбедно уништување, односно неутрализирање, соопшти ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ