сабота, 27 јули 2024

Во македонската амбасада во Пекинг одбележан празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Во амбасадата на Македонија во Пекинг се организираше културен настан по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј на иницијатива од Катедрата за македонски јазик при Универзитетот за странски студии во Пекинг. Амбасадорот Сашко Насев во име на вработените во македонската амбасада во Пекинг подари книги на библиотеката од Катедрата за македонски јазик. Раководителката Чен Цјао се заблагодари и се надева на успешна идна соработка во иднина.

Објавено на

часот

Сподели

Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите ги рецитираа песните „Глаголица“ од Анте Поповски, „Букви“ од Гане Тодоровски, „Везилка“ од Блаже Конески, „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов…
На настанот се приклучија и припадниците на македонската заедница, која живее и работи во Пекинг и професорката Јасмина Џуровска-Блажеска, професор по математика и природни науки во Меѓународното училиште Чинхуа.
За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче” „Јовано Јованке” и „Назад, назад Калино моме”.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ