„Високите цени на електрична енергија е клучниот пазарен сигнал кој ги мотивираше приватните компании да почнат со силен инвестициски циклус во изградба на фотоволтаични централи со цел да добиваат пониски сметки за струја. Кризата не извади од комфор зона и резултатот е: намален увоз од некогашните традиционални 30% до 40 %, сега е 2,75%. Инвестициите во обновливи извори се тренд кој нема да престане – тоа е нова реалност. Сега треба да се насочат инвестиции кон обезбедување на балансна енергија и во развој на мрежа“, изјави Бислимоски.
Регулаторите од регионот се согласија дека инвестициите во т.н. енергетски автопат – преносната и дистрибутивна мрежа мора да биде приоритет на секоја влада затоа што се гарантира енергетска сувереност преку сигурна и стабилна испорака на енергенси и се намалува можноста за блек аут.