четврток, 16 јануари 2025
Истражување на Лангеист

Во Македонија само 13,7 отсто деца се родени во вонбрачни заедници

Објавено на

часот

Сподели

Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Македонија има во Турција (2,8 отсто) и во Белорусија (13 отсто). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7, а во Бугарија 59,9 отсто.

Речиси во цела Северна и Западна Европа, поголемиот број од децата биле родени надвор од брак. Процентот на вонбрачни деца е највисок во Исланд (69,4 отсто), во Франција (63,5 отсто) и во Португалија (60 отсто).

Во повеќето земји од Источна Европа, тој број е под 30 проценти, а убедливо највисок е во Бугарија (59,9 отсто) и во Чешка (48,5 отсто).

Ландгеист забележува дека продолжува трендот на намалување на стапките на бракови, особено во Северна и Западна Европа, што резултира и со раѓање на бебиња од родители кои не се во брак или во граѓанско партнерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ