Од синоќа активен е пожарот на планината Жеден, во близина на селото Радуша. На терен се пожарникарите и вработените на ЈП Караџица.
Пожарот кај село Вешала, на Шар Планина, е активен од синоќа. Гори ниска вегетација, а вработените во Националниот парк по синоќешната интервенција, чекаат да се интервенира ако има потреба.
Вчера во Скопје гореа депонии кај Ново Село, на улицата Малешевска бр.1, се гаснеше запалено ѓубре и сува трева кај село Сушица…
Во Прилеп пожарникарите интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на фабрика „Микросам“, а се гаснеше запалена ниска вегетација и на улицата Орде Чопела бб.
Вчера запалени стрништа имаше и во Охрид, кај село Лешани, а се гаснеше и запалена трска на улицата Радојца Новичиќ.
Во Велес 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Стањевци.
Стрништа гореа и во Кочани во близина на фабриките Екстра фунги, Слога и Риал Агро во село Чешиново, а интервенција имаше и на запалена ниска вегетација во атарот на село Грдовци.
Помали пожари имаше и во Делчево, Куманово и Тетово, соопшти Центарот за управување со кризи.