петок, 24 јануари 2025

Во Македонија и тоа е вест, Меџити се пофали дека се обезбедени ленти за мерење шеќер

Објавено на

часот

Сподели

„Наследените проблеми ги решаваме затоа што пациентите секогаш ми биле и ќе ми бидат на прво место. Го решивме наследениот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта. Доволна количина ленти која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите е веќе на пат кон државта, а во текот на следната недела ќе бидат достапни во аптеките. Правиме и максимални напори наскоро да пристигнат и сензорите за дијабет кои за прв пат ќе може да ги користат децата за безболно мерење на шеќер. Со ова ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите. Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има“, напиша министерот Фатмир Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ