сабота, 27 јули 2024

Во мај пет неработни денови

Во среда е 1 Mај, неработен ден за сите граѓани. Потоа следува велики петок кој е неработен ден за сите христијани. За сите граѓани пак на нашата земја неработен е идниот понеделник, 6 Mај, прв ден Велигден, а потоа следува уште еден неработен ден 8 мај, денот на избори во Македонија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од денеска учениците се на пролетен распуст.

На 24 Мај (петок) следува уште еден неработен ден за сите граѓани на Македонија -„Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на Македонија:

01 Mај (среда), Ден на трудот

06 Mај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

24 Mај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

02 Aвгуст (петок), Ден на Републиката,

8 Септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 Октомври (петок), Ден на народното востание,

23 Октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 Секември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед:

03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во Македонија:

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на влашката заедница  во Македонија:

23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во Македонија:

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во Македонија:

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во Македонија:

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ