сабота, 27 јули 2024

Во мај 35. Саем на книгата

Објавено на

часот

Сподели

Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4 до 10 мај во арена „Борис Трајковски“, каде „мирисот на нова книга“ на изложените штандови на над 50 учесници, во кои се вбројуваат најуспешните македонски издавачки куќи, се проектира да привлече илјадници љубители на чувството да се поседува и подари нова книга.

Во календарот на најзначајни културни македонски настани, централното место со децении му припаѓа токму на „Саемот на книгата. Најголемата манифестација посветена на книгата на национално ниво, која во месец мај ќе претстави голем број наслови од сите континенти во светот,  се занимава со промоција на книжевното творештво и љубовта кон пишаниот збор, како и културна размена и иницирање актуелни литературни и општествени прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ