петок, 18 октомври 2024

Во Лепенец пронајдени телата на семејството Пацоли од Косово

Објавено на

часот

Сподели

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Скопје – Блаце косовското возило се превртело и завршило во надојдените води на Лепенец. Виновник за сообраќајката веројатно е возачот на скопското возило „фолксваген туран“ кое ја претекнувал колоната во која било и косовското БМВ. Четвртиот патник во БМВ-то, 21-годишниот Шкелзим веројатно се спасил успевајќи да излезе од прозорецот на возилото. Тој беше хоспитализиран во градската болница „8 Септември“ во Скопје и е надвор од животна опасност.

Возачот на „туранот“, Б.Б. (64) е приведен и задржан на сослушување.

На патниот правец Скопје – Блаце се вршат градежни работи и токму на тој дел од трасата каде се случил немилиот настан нема банкина, ниту каква било заштитна ограда.

л

Во потрагата учествуваа специјални тимови од Македонија и од Косово, полициски специјалци, припадници од армијатаод Дирекцијата за заштита и спасување, волонтери… Се трагаше и со дронови со термални и оптички инструменти. За време на потрагата спасувачите забележале длабоки ископи на песок од Лепенец,  длабоки дупки во коритото што ја отежнуваше спасувачката операција.

Од Јавното обвинителство на Македонија соопштија дека според првичните информации четиричленото семејство Пацоли од Косово со БМВ било дел од колона автомобили кои се движеле кон границата. Тогаш БМВ-то се судрило со фолксваген туран со скопски таблички кој ја претекнувал целата колона.

„Во моментот кога (скопскиот туран) стигнал паралелно до автомобил БМВ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, соопшти обвинителството.

Веднаш по несреќата, се вели во соопштението, сите возачи застанале да дадат помош, но косовскиот автомобил многу бргу бил прекриен со вода и однесен.

 

Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот. Даден е и предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за Б.Б. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, соопшти обвинителството.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ