среда, 18 декември 2024

Во Куманово при претрес пронајдени 5500 парчиња пиротехнички средства

Кумановската полиција изврши претрес во продажен објект во населбата Карпош и пронајде 5500 парчиња пиротехнички средства.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5500 парчиња пиротехнички средства“, соопшти полицијата.

С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ