петок, 18 октомври 2024

Во Куманово како на филм: го удриле со џип, пукале, му ги зеле парите па си го запалиле џипот

Се судриле со возилото на кумановец, пукале, одзеле торба со пари, си го запалиле џипот и избегале со автомобил. Колку пари украле криминалците вечерва во спектакуларен грабеж во Куманово, засега не е познато, но веројатно во торбата што ја зеле имало поголема сума, имајќи предвид дека по грабежот криминалците го запалиле ренџ-роверот.

Фото: Кумановоњуз

Објавено на

часот

Сподели

Грабежот се случил вечерва на улицата Доне Божинов во правецот на кумановската населба Карпош, соопштија од СВР Куманово.

„Вечерва во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата Доне Божинов во Куманово патничко моторно возило марка ренџ ровер со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило марка пасат со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. Притоа неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило пасат и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило ренџ ровер“, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Од противпожарната единица на Куманово потврдија дека гаселе опожарено возило на улицата Доне Божинов.

Како што јавува Куманово њуз, според очевидци, разбојниците со џипот му го пресекле патот на возачот на автомобилот, по што му ја одзеле торбата со пари и побегнале. Се слушнало и пукање. Разбојниците џипот го запалиле во близина на надвозникот кај хотелот Сателит и побегнале со друго возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ