петок, 1 март 2024

Во Крушево одбележан роденденот на Тоше Проески

Со многу емоции и бројни посетители, подржувачи од земјава и странство, денеска во Крушево беше одбележан роденденот на македонската и балканска  музичка ѕвезда – Тоше Проески.

Објавено на

часот

Сподели

Посетителите во 11.15 часот, кога се родил Тоше на 25 јануари 1981 година, го посетија неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево. Имаше и торта за 43-тиот роденден на Тоше. Манифестациите се одржаа во спомен-куќата „Тодор Проески“.

„Тоше останува со нас засекогаш. Во нашите срца и сеќавања, а бидејќи постојано се тука посетителите и неговите фанови, и не само од Македонија, Тоше е со нас.  Имајќи предвид дека нагласуваме Тоше има само ден на раѓање, така и ќе биде тоа за нас и за сите негови фанови“, рече Лефкија Гажоска, директорка на спомен куќата „Тодор Проески“.

Од изутрината од 9 часот, Црвениот крст на Крушево спроведе крводарителска акција на која се собраа над 70 единици крв. Самоуката уметничка Светлана Зуламоска на хуманитарна изложба ги претстави своите дела – портрети на Тоше во камен, со симболичен наслов „Срце није камен“. Веќе дел од нив се продадоа а се во хуманитарни цели. Младата прилепчанка Јана Мрческа го претстави својот спот со рефрените на Тоше.

Се одржа и веќе традиционалниот  музички перформанс „Ангел си ти“. Македонската вокалистка Ивона ЈО во придружба на нејзиниот бенд В2В, исполни десетина нумери од богатата музичка ризница на Тоше. Во неговиот спомен дом одекнаа „Тајно моја“, „Срце није камен“, „Ангел си ти“.

„За неговиот 43 роденден решив да му подарам сркомен подарок – кавер-ремикс, односно сплет од пет негови најпознати хитови“, рече младата музичарка Јана Мрческа.

Во Крушево пристигнаа и дел од маратонците кои секоја година, на 16 октомври го трчаат маратонот за Тоше, од Нова Градишка Хрватска до крушево.

Спомен-куќата на Тоше доби примерок од документарниот филм кој авторката Катарина Миловановиќ го сними во Крушево 2023 година за телевизискиот канал Прва ТВ од Рерпублика Србија. Премиерата и промоцијата на овој документарец за Тоше ќе бидат в петок во 19 часот во салата на Младинскиот културен центар во Крушево.

Спомен-куќата „Тодор Проески“ е меѓу најпосетуваните музеи со преку еден милион гости и посетители. Во неа се изложени повеќе од 350 експонати поврзани со животот и делото на Тоше Проески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ