Обвинител и полицијата извршиле увид по што телата биле пренесени на обдукција.
Истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот како е извршено.
МВР го потврди убството.
„В.И. (36) од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. Таа е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И. (38) и неговиот татко С.И. (63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција“, соопшти МВР.