сабота, 21 декември 2024

Во Козле пронајдени муниција и експлозив, куќен притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот 66-годишен пензионер, во својот дом во Козле, неовластено држел муниција и експлозивна материја кои на граѓаните им се забранети. Една рачна бомба полнета со 100 гр. ТНТ експлозив и запалка, 181 куршуми боева муниција со различен калибар наменети за автоматски пушки и тешки митралези, шест тегли со сачми со различна големина на оловни проектили со вкупна маса од околу 2.800 грама, четири најлонски ќеси со барут и два алати за изработка на ловна муниција“, соопшти денеска Јавното обвинителство на Македонија.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, се наведува во соопштението, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ