сабота, 27 јули 2024

Во Косово приведени лица за наводна соработка со српската разузнавачка служба

Денеска на Косово се приведени две лица под сомневање дека шпионирале за српската разузнавачка агенција БИА. Еден од нив е таткото на новинарот Зекирија Шабани кој бил активен во кампањата на коалицијата Вреди за време на парламентарните избори во Македонија, пишуваат косовските медиуми.

Зекирија Шабани

Објавено на

часот

Сподели

Косовската полиција денеска ги приведе  Бедри Шабани и Мухарем Ќерими под сомневање дека биле соработници ан БИА, српската разузнавачка служба. Шабани е од Урошевац, поранешен вработен во косовската царина и татко на новинарот Зекирија Шабани, сопственик на порталот Факте плус, а до лани бил уредник и во телевизијата АТВ. Зекирија Шабани беше многу активен во изборната кампања во Македонија, на страната на коалицијата Вреди, пренесоа косовските медиуми, кои додаваат дека Шабани ја подготвил изборната кампања за Африм Гаши, новиот претседател на Собранието на Македонија.

Бедри Шабани и Мухарем Ќерими веќе се во притвор од 48 часа, соопшти Специјалното обвинителство на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ