сабота, 19 октомври 2024
Од почетокот на годинава

Во компаниите во ТИРЗ се вработени околу 700 лица

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму информираат дека само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 наши сограѓани.

„Продолжува и растот на извозот, кој заклучно со мај достигна 1.601 милијарди евра. Тоа е за 13 отсто повисок споредено со првите пет месеци во 2022 година, односно за 22 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021. Само во мај компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 373 милиони евра што е највисоко ниво од почетокот на годинава и највисоко ниво на извоз споредено со мај во изминативе четири години“, стои во соопштението.

И увозот во првите пет месеци од годинава достигна над 1.300 милијарда евра што е, како што се наведува, за 2 отсто повеќе од истиот период лани, а на исто рамниште со 2021.

„Само во мај годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 285 милиони евра што речиси на исто рамниште со мај 2022 година и за 14 отсто повеќе споредено со мај 2021 година. Поради ваквите економски движења продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот, кој заклучно со мај е 31,5 отсто“, стои во соопштението. 

Според Дирекција за ТИРЗ, се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ во последниве две и пол години се постигнати договори во вкупен обем од над 850 милиони евра и тие треба да донесат над 8.000 нови работни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ