сабота, 19 октомври 2024

Во колиба пакувале дрога, имале оружје, полицијата била нападната кога влегла внатре

МВР информира дека тетовската полиција уапсила четири лица, од кои две се малолетни, кои во колиба препакувале дрога, имале куршуми и пиштол, а кога влегла полицијата едно од лицата ги нападнало полицајците.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица.

По претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано Рон Скура во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми.

При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесено соодветни пријави до надлежното обвинителство“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ