„Истражувањето покажа дека луѓето кои редовно вежбаат може да имаат до 20 отсто помали шанси да развијат деменција од оние кои не вежбаат редовно“, велат од Здружението за Алцхајмерова болест.
Физичката активност ги поттикнува невроните да комуницираат подобро, што го прави вежбањето уште покорисно за здравјето на мозокот.
„Корисно е да го започнете денот со било каква вежба. Истражувањето поддржува секаков вид движење, од одење и танцување до таи чи и јога во овој дел од денот“, изјави Кејтлин Казалето, доцент по невропсихологија на Универзитетот Беркли во Калифорнија.
Само 150 минути брзо движење неделно, како пешачење, може да влијае на здравјето на мозокот.
„Многу студии покажаа дека деловите од мозокот што го контролираат размислувањето и меморијата се поголеми кај луѓето кои вежбаат отколку кај луѓето кои не вежбаат“, пренесува Харвард Хелт.