среда, 23 октомври 2024

Во Кисела Вода сите училници ќе добијат прочистувачи на воздухот

Општина Кисела Вода ги опремува сите 230 училници во сите основни училишта со прoчистувачи на воздух. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја објави оваа значајна мерка која треба значително да помогне во заштита на здравјето на најмладите, како и во создавање на здрави еколошки навики кај нив.

Објавено на

часот

Сподели

Од општината соопштија дека овој процес е почнат летово со поставување на пречистувачи во ООУ „Невена Георгиева Дуња”, денеска се поставуваат во ПОУ „Кузман Јосифовски Питу”, а во наредниот период, сите училници во сите основни училишта во општина Кисела Вода, ќе добијат прочистувачи на воздух.

„Ова е уште чекор кон создавање поздрава и побезбедна средина, каде нашите деца ќе можат непречено да го следат своето образование и да растат во услови што го штитат нивното здравје. Ќе потсетам дека поставивме мерна станица во парцелата на Цементарница УСЈЕ. Претходно ја ставивме во функција мерната станица кај Домот на култура ‘Билјана Беличанец’, секоја година по неколку пати организираме масовни акции за пошумување, доделуваме субвенции за набавка на пелети како еколошки енергенс, интензивно работиме на имплементација на проекти за енергетска ефикасност. Во Буџетот за 2024 година предвидовме средства и за набавка на фотоволтаици. Воедно, покрај тоа што обезбедивме пречистувачи на воздухот за сите училишта. Наскоро ќе поставиме и пречистувачи на воздух и во поголемите паркови на територија на Општина Кисела Вода“, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ