сабота, 27 јули 2024

Во Кисела Вода бесплатно подигнување кабаст отпад

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се спроведе во општина Кисела Вода. Како дел од активностите за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 7 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради, информираат од Општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 23 мај. Секој жител на Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака тој да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

Од општината појаснуваат дека кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

„Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност“, велат од Општина Кисела Вода.

Оттаму апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција, бидејќи, како што велат поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за заедницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ