четврток, 12 декември 2024

Во Кинотеката одбележување на 80 години од основањето на АФЖ

Настан по повод одбележување 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) ќе се одржи вечер од 19.30 часот во Кинотеката, во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа), информира Фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Најавено е учество на експертки и активистки од регионот „со цел заедничко одбележување на наследството и влијанието на АФЖ, осврнување на заедничката историја и на вредноста на антифашистичкиот фронт на жените во денешен контекст“.

-Обраќања ќе имаат учесничките од регионот од Феминистичката антифашистичка мрежа ФАМа, а  актерот Никола Ристановски ќе го изведе авторскиот текст „Таа“ на македонската теоретичарка на уметност Искра Гешовска. Учениците од СУГС „Никола Карев“ ќе ја изведат  „Духот на слободата“ – историско движење за правата на жените коишто започнале со антифашистичка солидарност во регионот, се наведува во соопштението.

Влезот во Кинотеката е бесплатен за сите посетители. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ