сабота, 27 јули 2024

Во Кинотека од денеска ретроспектива на големиот режисер Јан Кадар

Ретроспектива на еден од најголемите режисери на денешницата, од денеска, 24 февруари па до 29 февруари, ќе се одржи во Кинотеката на Македонија. Јан Кадар (Ján Kadár) е чехословачки филмски режисер кој можеби не е толку звучно име како Милош Форман или Јиржи Менцел, но е сестран филмски великан со импозантна и  разновидна  филмографија и живот, во кој (како и во неговите  филмови) се вкрстуваат  различни  култури: чешка, словачка, унгарска, еврејска и американска.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од Кинотека, Кадар е особено битен за чехословачкиот филм, поточно, за новиот бран од почетокот на 1960-тите години, не само како филмски автор туку пред сè како филмски педагог. Јан Кадар беше професор на ФАМУ во Прага, каде им предаваше на повеќето режисери, зачетници на  чехословачкиот нов бран во 1960-тите години.

Својата кариера ја започнува по Втората светска војна со неколку документарни кратки филмови. Во 1950 година го снима  неговиот дебитански филм, комедијата КАТКА (1950). Потоа следува извонредно плодната соработка со Елмар Клос, со кого ги прави неговите најдобри филмови. Јан Кадар емигрира во САД во 1968 година каде станува професор по филмска режија (а подоцна и декан) на Американскиот филмски институт во Беверли Хилс.

„Ќе имаме можност да видиме  избор од пет филма кои опфаќаат различни фази од  творештво на режисерот. Тука се филмовите од  инзворедно плодната соработка со Елмар Клос. И покрај цензурата на комунистичка Чехословачка, тие успеават да направат бескомпромисни филмови кои храбро се справуваат со моралните дилеми на едно длабоко корумпирано општество, како во минатото така и во нивното современие.

Ќе имаме можност да го видиме можеби нивниот најуспешен филм  ПРОДАВНИЦА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА (Obchod na korze), добитник за  Оскар за најдобар странски филм во 1965 година.  Филмот ја третира контровезната тема на аријанизацијата за време на Втората светска војна во фашистичка Словачка, кога нацистите ги национализираат сите бизниси во сопственост на Евреи.

СМРТТА СЕ ВИКА ЕНГЕЛХЕН  (Smrt sa volá Engelchen) е психолошка драма во која се прикажани активностите на словачките партизани за време на Втората светска војна, без идеaлизирање, на еден десакралистичен начин со поставување на сложени морални прашања.

ОБВИНЕТ (Obžalovaný) е судска драма која речиси целосно се одвива во судница и ја открива злоупотребата на правото и врската меѓу владејачката партија и судството на повеќе нивоа со алузија на политичките судења од 1950-тите, поради што  филмот бил забранет за прикажување.

ЖЕЛБАТА НАРЕЧЕНА АНАДА (Adrift/Touha zvaná Anada)  е последниот заеднички филм на Јан Кадар и Елмар Клос. Филмот претставува бајковита романса сместена во 1920-тите на словачко-унгарската граница на  брегот на Дунав. Во филмот главните улоги ги играат великаните на југословенското глумиште Раде Марковиќ и Милена Дравиќ.

ЛАГИ КОИ МИ ГИ КАЖА ТАТКО МИ од 1975 година е еден од  неговите најуспешни филмови снимени во неговата емигрантска фаза. Во него тој се осврнува на неговото еврејско наследство,  осаменоста и воопшто на тешкотиите на  емигрантскиот живот. Филмот ја има добиено наградата Златен глобус за најдобар странски филм во 1975 година.

Програмата е реализирано во соработка со: Чешкиот Филмски архив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ