среда, 29 мај 2024

Во Кинотека филмови од кинематографиите на земјите од Вишеградската група

Од денеска до 13 април во Кинотеката ќе бидат прикажани четири филма во рамки на циклусот „Вишеградска група В4 филмски вечери“ посветен на кинематографиите на Чешка,  Полска,  Словачка и Унгарија како дел од Вишеградската група.

Објавено на

часот

Сподели

Циклусот ќе почне вечер во 20 часот со проекција на чешката комедија од 2007 „Празни шишиња“ во режија на Зденек Сверак, а утре (сабота) ќе биде прикажан филмот „Студена војна“ на полскиот режисер Павел Павликовски од 2018 година.

Идните петок и сабота ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ (12 април) на словачкиот режисер Јонас Карасек, снимен минатата година, и „Плоштад Москва“ (13 април) на унгарскиот режисер Ференц Торок  од 2001 година. Сите проекции се бесплатни за посетителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ