среда, 23 октомври 2024

Во Кина изгоре носач на авиони кој некогаш беше дел од моќната советска флота (ВИДЕО)

Поранешен советски носач на авиони изгорел во близина на Шангај за време на викендот, јавува Си-ен-ен.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Носачот на авиони Минск во последните осум години беше вкотвен во лагуна во близина на реката Јангце во покраината Џиангсу, а се запалил за време на реновирање. Требало да стане дел од воен тематски парк.

Пожарот избил во петокот попладне, а бил изгасен 24 часа подоцна, се наведува во извештајот. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат густ чад и голем пламен на палубата на носачот, а откако пожарот бил изгасен, видливи се големи оштетувања.

„Нема жртви, а причината за несреќата се истражува“, се наведува во извештајот.

Минск претходно беше голема атракција, и тоа цели 16 години во сега затворен тематски парк на југот на Кина.

Неодамна почнало реновирањето за бродот да стане централен дел на нов тематски парк, но тие планови сега се спорни, пишува Си-ен-ен.

Некогаш дел од моќната советска пацифичка флота, Минск беше вториот од четирите носачи од класата Киев, кои Советскиот Сојуз ги направи меѓу 1970 и 1987 година. Бродот долг 273 метри можел да носи десетина борбени авиони и исто толку хеликоптери.

Изграден во бродоградилиште во денешна Украина и наречен по главниот град на Белорусија, служел во Советската пацифичка флота по влегувањето во служба во 1978 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991, стана сопственост на руската воена морнарица.

Русија престана да го користи во 1993 и го продаде со близнакот Новорисијск на јужнокорејска компанија за старо железо.

Додека Новоросијск беше расклопен во јужнокорејското пристаниште Поханг, еколошки групи се противеа на присуството на Минск во земјата. Бродот потоа ѝ беше продаден на кинеска компанија, за на крајот да заврши во тематски парк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ