сабота, 27 јули 2024

Во Кичево прогласени мерки поради опасно аерозагадување, скопскиот загаден воздух на девето место во светот

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека стапуваат во сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Кичево. Во исто време, загадено е и во други градови, а Скопје повторно се најде меѓу десетте градови во светот каде не се дише чист воздух.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мг/м3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Кичево“, се вели во денешното соопштение од МЖСПП.

Како што може да се види од илустрацијата погоре, преземена од интернет страницата за следење на квалитетот на воздухот во светот, waqi.info, и денеска во Кичево воздухот е нездрав, а концентрацијата на опасните честички е повторно над тој праг од 150 мг/м3, но за разлика од македонското министерство, на оваа страница се предупредува на многу високата концентрација и на поопасните честички, тие од 2,5 мг/м3 (ПМ2,5).

Како што може да се види и од втората илустрација, уште позагадено е во дел од Битола, во Кавадарци, Тетово, Гостивар и Струмица, како и во делови од Скопје.

Дека не е спокојна состојбата со аерозагаденоста во Скопје покажува интернет страницата Ервижуал која на листата од 100 големи или главни градови во светот попладнево го рангира Скопје на деветото место. Во Европа позагаден воздух во моментов се дише само во Сараево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ