Таму интензивно се работи и стационарот се очекува да биде ставен во функција во месец октомври, соопшти Јанчев.
Тој потсети дека регионалениот центар за згрижување на бездомни миленици е со локација во населба Глишиќ, на површина од 5.470 квадратни метри.
„Овој центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион се однесува на хуман третман на животните со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето“, нагласи Јанчев.