сабота, 27 јули 2024

Во Кавадарци препорака да не се палат коледарски огнови поради загадениот воздух

Поради високата концентрација на ПМ честички во воздухот Општина Кавадарци во официјално соопштение им препорача на граѓаните да не палат коледарски огнови и да ги почитуваат препораките соопштени деновиве со цел да се намали аерозагадувањето.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно известувањето од Одделението за мониторинг на квалитет на воздух, сектор македонски информативен центар за животна средина  и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи и во пресрет на божиќните празници, од Општина Кавадарци на граѓаните им препорачуваме во вечерните часови да не се палат коледарски огнови, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време“, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Исто така, општината препорачува за затоплување на простории да не се користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, поединечно да делува за доброто на сите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ