сабота, 27 јули 2024

Во Кавадарци казни за кафулиња за неиздавање фискални сметки и други прекршоци

При контрола на угостителски објекти во Кавадарци полицијата, заедно со инспектори од Управата за јавни приходи, пазарни и инспектори од Државниот инспекторат за труд констатирале бројни неправилности во работењето на овие објекти за што се изречени и глоби.

Објавено на

часот

Сподели

Констатирано е неиздавање фискални сметки, непоседување книги за дневни финансиски извештаи, неприкажување промет од македонски производи и неевидентирани парични средства и непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушењето.

Полицијата при контрола во еден угостителски објект пронајде остатоци од прашкаста материја, а при преглед кај едно лице пронајдено е и одземено пакување со кокаин и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ