„Настанот им е посветен на нашите сограѓани на кои им е потребно малку радост, дружење и среќа. Ручекот е приготвен од вештите раце на најголемите мајстори во кујната. Затоа што магијата на божиќните празници е токму во споделувањето на заеднички моменти“, велат од кабинетот на градоначалникот, честитајќи го денешниот празник и посакувајќи да се слави уште многу години.
Идејата за денешниот заеднички ручек е на еден од најдобрите готвачи, шеф Горан Филипов.
„Тој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија, се потрудија да ја реализираат идејата и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани“, нагласија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.