Кавадарци не го заборава Андреј, денеска беше отворена книга на жалост во која жителите на овој град се потпишуваа потсетувајќи се на деновите кога тој играше за нивниот Тиквеш.
Андреј Лазаров имаше само 25 години, беше талентиран фудбалер кој во својата кариера настапуваше за Работнички, Тиквеш, Рудеш, Горица и Шкупи.