сабота, 27 јули 2024

Во Канада беснее шумски пожар од големи размери, најавена е масовна евакуација (ВИДЕО)

Поради шумски пожар во близина на градот Форт Мекмареј во северниот дел на канадската провинција Алберта, најавена е евакуација на повеќе од 6.000 локални жители.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот веќе уништи речиси 21 илјада хектари и моментално е на оддалеченост од помалку од 10 километри од периферијата на градот.

Сувото време и силниот ветер придонесуваат за ширење на пожарот во правец на населбите, јавува канадскиот јавен сервис Си-би-ес њуз.

Регионалната општина Вуд Бафало во вторникот попладне прогласи вонредна состојба и издаде наредба за евакуација. Во сила е наредбата за евакуација за населбите Бикон Хил, Абасанд, Прери Крик и Грејлинг терас.

Големиот шумски пожар во 2016 година предизвика значителна штета и предизвика евакуација на сите 66.000 жители на тој град. Сепак, според пожарникарите, природата на сегашниот шумски пожар е поинаква, бидејќи уништената шума сè уште не е закрепната.

Ова значително ја забавува брзината на ширење на пожарот и им ја олеснува работата на пожарникарите. Во гаснењето на пожарот се вклучени 14 хеликоптери и 70 пожарникари. Во Алберта моментално беснеат околу педесет пожари, но само два се во близина на населени места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ