сабота, 27 јули 2024

Во кафулиња во Гази Баба алкохол и дрога за малолетници

Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со трудова инспекција, синоќа во временскиот период од 23 часот до 06 часот утрово, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ЕВР Гази Баба во Скопје при што била пронајдена дрога, а бил послужуван и алкохол на малолетници.

Објавено на

часот

Сподели

„Во угостителски објект во с. Јурумлери, кај едно лице пронајдена е марихуана и лицето е лишено од слобода. Од трудова инспекција изготвен е записник за нерегистрирана дејност, поради непоседување на документација за угостителскиот објект“, наведуваат од МВР.

Во угостителски објект во село Илинден, пак, полицијата затекнала 11 малолетници, при што е утврдено дека дел од малолетниците се послужени со алкохол, за што, како што се посочува, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на трудова инспекција изготвен е записник дека дел од вработените не се пријавени согласно Законот за работни односи, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ