сабота, 27 јули 2024

Во кабинетот на Џафери, Маричиќ ќе биде вицепремиер на местото на Груби

Во техничката влада останува актуелниот владин состав предводен од Талат Џафери. Измени ќе има на двете министерски места кои припаѓаат на опозицијата – МВР и Министерството за труд и социјална политика. Вицепремиерското место на министерот за политички систем Артан Груби го добива Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања.

.

Објавено на

часот

Сподели

Техничката влада треба да се избере в недела на 28 јануари.

Во техничката влада опозицијата ќе има и заменици министри во ресорите финансии, информатичко општество и земјоделство. ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за во техничката влада.

За министер за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат.

За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, висок професионалец во областа на финансиите. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика.

За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје.

Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ