сабота, 27 јули 2024
Размислуваат да поднесат нова жалба

Во Јувентус очекувале да им бидат одземени 5 бода и во директен дуел со Милан да решаваат за ЛШ

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус синоќа доби лоши вести, на „старата дама“ и беа одземени 10 бода поради „пумпање“ на цените на фудбалерите со цел да се забележат капитални добивки и да се искаже позитива во билансите.

Со оваа казна, Јувентус падна дури на седмото место на табелата и има мали шанси да се врати во топ четири, особено откако загуби од Емполи.

Како што пренесува Газета дело Спорт, во Јувентус очекувале да им бидат одземени 5 бода и со тоа да имаат реални шанси за настап во Лигата на шампини.

Во недела, „бјанконерите“ го пречекуваат Милан, и со казна од пет бода, во директен дуел со „росонерите“ да решаваат за топ четири пласман и настап во најелитното европско натпреварување.

Јувентус сега ја чека пресудата во писмена форма по што ќе одлучи дали да достави нова жалба.

Медиумите од Италија пренесуваат дека мали се шансите да издвојуваат нова битка, со оглед на тоа дека казната веќе е намалена од -15 на -10 бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ