Вчерашното дерби на Олд Трафорд помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал заврши без победник, домаќините поведоа во финишот на првиот дел со прекрасен гол на Бруно Фернандеш, додека пак гостите одговорија во продолжението со погодокот на Деклан Рајс.
По крајот на натпреварот, главен фокус беше ставен на слободниот удар на Бруно Фернандеш, судијата Ентони Тејлор го постави живот ѕид на преку 10 метри, наместо на пропишаните 9,15 метри.
Па Португалецот имаше полесна задача да ја префрли топката преку играчите на Арсенал и да ја затресе мрежата.
Ова ги призна и Кристијан Ериксен, кој рече: „Прекрасно погоди но имаше среќа што живиот ѕид беше поставен на 15 метри. Видовте колку назад стоеја фудбалерите на Арсенал, тоа беше во наша корист“.