сабота, 27 јули 2024

Во Јавна соба вечерва почнува мини-фестивалот „Саботи на светска музика“

Со концертот на неофолк бендот „Калата“ во „Јавна соба“ денеска започнува мини-фестивалот „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Со овој проект, „Јавна соба“ ќе даде посебен акцент, во форма на мини фестивал, секоја сабота, на најдоброто од нашата држава во жанрот – светска музика.

На мини-фестивалот во „Јавна соба“ ќе настапат и домашните музички артисти Зарина Првасевда со својот бенд и групата „Фолтин“ од Битола.

„Калата“ е неофолк бенд од Скопје, кој прави паралела помеѓу источната и западната култура, со акцент на традиционалната македонска музика. Членови на „Калата“ се Минела Богдановиќ – вокал; Марија Илиевска – бек вокал; Симеон Ангеловски – бас; Александар Бошков – гитара; Кирил Кузманов – саксофон; Дамјан Грујо – тапани.

Од 2018 година, „Калата“ настапува низ целата земја, вклучително и Д-Фестивал, Пин Музичка конференција и некои европски фестивали како MMVV (Barcelona) и Balkan Most Festival (Veszprem). Калата е исто така дел од MOST Music Programme – балканска музичка експорт програма, што поддржува светски музички уметници и бендови од Балканот.

Нивниот прв албум „Калата“ ќе биде објавен на почетокот на 2024 година, а дел од овој материјал ќе биде претставен и пред публиката денеска во „Јавна соба“.

Билетите за концертите во „Јавна соба“, можат да се набавуваат само онлајн на drugastrana.mk.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ