петок, 24 јануари 2025

Во јануари нивото на водата во Охридското Езеро под просекот

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,22 метри надморска височина или 13 сантиметри под просекот за јануари.

Објавено на

часот

Сподели

Состојбата со негативниот водостој на езерото бележи извесно подобрување, откако на почетокот на декември минатата година нивото на водата беше спуштено дури два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.

Дијаметрално спротивна беше ситуацијата во 2018 година кога водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максимум определен на 693,75 м.н.в., кога достигна ниво и од 694,03 метри надморска височина или за осумдесеттина сантиметри повиско ниво отколку денеска. Таквата флуктуацијата на нивото на водата во езерото има негативни последици по многу аспекти, но најмногу се одзразува во крајбрежниот дел што е најважен во езерскиот еко-систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ