Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од 3%, а на странските од 15,5 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 11,5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18,8 %.
Според податоците најпосетени биле Скопје и езерата, каде што престојувале повеќе од половина од туристите. Во Скопје се регистррани 17.355 туристи, домашни 2.887 и странски 14.468. Нешто помала е бројката – 11.199, на гостите кои престојувале или само наминале во крајезерските места. Од нив 5.185 биле домашни, а 6.014 странски гости.
Хотелското сместување бил првиот избор на туристите. Во јануари се пријавиле вкупно 41.913 готи, од кои домашни 14.352, а странски 27.561.
И овој месец најмногу туристи имало од Турција, Грција, Србија, Албанија, Косово, Германија и Бугарија.
И натаму Македонија е најпосетувана од туристите што доаѓаат од Турција. Во јануарската статистика се забележани 5.503 Турци, кои реализирале 10.657 ноќевања. Вообичаено, зад нив се Србите – 3.298 со 5.882 ноќевања. Потоа следуваат 3.242 туристи од Грција со 5.281 ноќевање.
Во јануари годинава регистрирани се и двајца туристи од Австралија и Океанија, со запишани пет ноќевања. Од Белорусија биле тројца и имало четири ноќевања, од Исланд четворица со осум ноќевања. Во јануари од Нов Зеланд дошле шестмина и регистрирани се девет ноќевања, од Латвија биле осуммина со 22 ноќевања, а од Јужна Африка биле дојдени 10 туристи, кои остварле 13 ноќевања.