А самиот настан беше збогатен со пригоден коктел, класична музика во живо и присуство на гости од различни локални и државни институции.
„ПСУ „Јахја Кемал“ е мултиетничко училиште кое ги негува позитивните интеракции и разлики меѓу сите свои ученици и образовен кадар и се гордее со сите досегашни дипломати, јавни личности и почитувани професионалци кои произлегле токму од нашата образовна институција“, велат од училиштето.