По лавината интернет-коментари, се огласи и Ида Германо, сопственичка на угостителскиот објект „Остерија дел Каволо“ што се наоѓа на брегот на Џеновскиот Залив.
„Трошоците се оправдани бидејќи тоа е повеќе работа за нас… Оти повеќе чинии за нас значат повеќе садови за миење“, рече таа.
Инаку, само неколку дена претходно друг турист во Италија објави дека и сечењето сендвич во ресторан на езерото Комо му било наплатено. И тука сопственичката на ресторанот се правдала дека „дополнителните барања имаат своја цена“, пренесува „Ла република“.