сабота, 27 јули 2024

Во Италија се судрија амбулантно возило и автобус со деца. Сите од амбулантното возило загинаа (ФОТО+ВИДЕО)

Како што пренесуваат италијанските медиуми, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во тунелот Ка’ Гулино, во градот Урбино, во централна Италија.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според локалниот весник, комбето на брзата помош влегло во лентата каде што се наоѓал автобусот и дошло до директен судир при што комбето се запалило. Починале сите четворица од комбето: тројца медицински лица и еден пациент кој го пренесувале до локалната болница.

Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни лица. Тие се враќале од екскурзија.

Меѓу децата имало само неколку полесно повредени, сите биле во шок. Некои плачеле и ги повикувале своите родители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ