сабота, 27 јули 2024

Во Италија две лица се уапсени под обвинение за тероризам

Италијанската антитерористичка единица уапсила Египќанец и италијански државјанин со египетско потекло под обвинение за поттикнување тероризам, соопшти денеска италијанската полиција. Акцијата ја координирало обвинителството во Милано, а уапсените се обвинети за поттикнување тероризам, како и дека се членови на терористичката Исламска држава (ИСИС), пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Од канцеларијата на обвинителството велат дека осомничените биле активни во терористичката пропаганда, дека се обиделе да регрутираат потенцијални соработници преку интернет и дека финансирале иницијативи во корист на ИСИС.

„Утрово две лица се уапсени под обвинение за тероризам“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани за радио РАИ.

Тој додаде дека нивото на безбедност во земјата е подигнато и дека властите работат на спречување на потенцијални закани. Запрашан дали земјата може да очекува терористички напади, како вчерашниот во Белгија, Тајани рече дека во моментов нема конкретни закани насочени кон Италија.

Двајца Швеѓани се убиени, а трето лице е рането во центарот на Брисел во понеделникот вечерта, кога биле нападнати од маж кој, според видеото што сѐ уште се проверува, за себе рекол дека е член на ИСИС. Нападот се случил во пресрет на фудбалскиот натпревар Белгија-Шведска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ