сабота, 27 јули 2024

Во индиската држава Бихар од топлотен удар починаа 29 лица

Во индиската сојузна држава Бихар во последните 24 часа починаа 29 лица, повеќе од 200 се болни од топлотен удар, поради рекордно високите температури од над 45 степени во поголемиот дел од земјата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалните податоци, најголем број смртни случаи, 12 лица, има во областа Аурангабад, каде живата се искачила над 48 степени Целзиусови.

Шест смртни случаи биле пријавени во областа Бојпур, по четири во Рохтас и Џеханабад, пренесува индиското радио АИР.

Регионалната власт ги затвори сите училишта и спортски објекти поради силниот топлотен бран. Ер Индија Експрес откажа над 80 летови поради недостаток на екипаж.

Милијарди луѓе ширум Азија се борат со горештините, во соседен Пакистан оваа недела температурата надмина 52 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ