вторник, 14 јануари 2025

Во Индија започнува најголемиот верски фестивал во светот

Милиони луѓе се собираат во северниот индиски град Прајаграж во државата Утар Прадеш за да учествуваат на фестивалот Маха Кумб Мела, најголемиот собир на луѓе во светот, пренесува Би-би-си.

Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во следните шест недели, побожни Хиндуси од целиот свет ќе се капат во Сангама, сливот на индиската света река Ганг со реката Јамуна.

Според официјалните лица, се очекува најмалку 400 милиони луѓе да се соберат во градот Прајаграж (официјално Алахабад) во следните 45 дена, повеќе од целото население на САД или на Европската Унија.

Властите изградија голем шаторски град распространет на 4.000 хектари покрај бреговите на реките за да ги прими посетителите, опремен со повеќе од 3.000 кујни и 150.000 тоалети. Шаторскиот град има и станови, патишта, струја и вода, кули за комуникација и 11 болници.

Хиндусите веруваат дека капењето во свети води ги чисти луѓето од гревовите и го завршува нивниот процес на реинкарнација, особено во поволните денови. Најповолните денови се случуваат во 12 годишни циклуси за време на фестивалот наречен Маха Кумб Мела, или фестивалот на стомните.

Фестивалот е серија на ритуално капење од хинду садуси, или свети луѓе, и други аџии на сливот на три свети реки што датира барем од средниот век. Хиндусите веруваат дека тоа е митска река.

Фестивалот има свои корени во хинду традицијата, која вели дека богот Вишну украл златен бокал со нектар на бесмртноста од демонот. Хиндусите веруваат дека неколку капки паднале во градовите Прајаграж, Насик, Уџаин и Харидвар – четири места каде што фестивалот Кумб се одржува со векови.

Кумб ротира помеѓу овие четири места за аџилак приближно на секои три години на датум пропишан од астрологијата. Оваа година фестивалот ќе биде најголем и најмасовен од сите.

Поранешните индиски лидери го користиле фестивалот за да ги зајакнат своите односи со Хиндусите во земјата, кои сочинуваат речиси 80 отсто од повеќе од 1,4 милијарди луѓе во Индија. За време на премиерот Нарендра Моди, фестивалот стана составен дел од неговото застапување за хинду национализмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ