сабота, 27 јули 2024

Во Индија падна билборд поголем од олимписки базен, загинаа 14 лица (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а 75 други се повредени откако врз нив падна билборд поголем од олимписки базен за време на невреме во индискиот финансиски центар Мумбај, соопштија властите во вторникот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Видео снимка од понеделникот покажува како билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќите и бензинската пумпа до прометниот пат во источното предградие Гаткопар. Градот го зафати невреме што го запре патниот сообраќај и авионските летови.

Локалните власти објавија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница по несреќата и дека 31 оттогаш се пуштени дома.

Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави, соопшти локалната власт. Панелот имал околу 1.300 квадратни метри, што е девет пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата доби наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди.

„За да не се повторат вакви несреќи, наредена е структурна проверка на сите билборди во Мумбаи за веднаш да се отстранат опасните“, рече Екнат Шинде, шеф на државата Махараштра.

Околу 25 лица сè уште се заробени под билбордот, а акцијата за спасување продолжува, успорена поради близината на бензинската пумпа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ