Денеска се реализираа активностите за чистење на споменикот на херојот Горан Стојменовиќ кој загина во борбите во Диво Насеље и иконите на светиот крст во Инџиково, објави преку фејсбук градоначалникот Бобан Стефковски.
„Како што напишав на Илинден, денот кога беше извршен срамниот и вандалски чин на уништување, денес споменикот и иконите се обновени. Како народ и држава никогаш нема да го заборавиме делото на оние кои го загубиле животот за слободата на нашата Македонија“, напиша Стефковски.